Глобалниот капацитет на обновлива енергија се зголеми за 50 проценти на годишно ниво


Глобалниот капацитет на обновлива енергија во 2023 година се зголеми за 50 отсто на годишно ниво на речиси 510 гигавати, пред се благодарение на постројките за соларна енергија, а во следните пет години ќе расте со најбрзо темпо во историјата, се наведува во денеска објавениот извештај на Меѓународната агенција за енергија.

Најголем пораст на капацитетот на обновлива енергија минатата година е забележан во Кина, која пушти во употреба исто толку постројки за соларна енергија колку и целиот свет во 2022 година.

Кинеските капацитети за енергија на ветерот се зголемија за 66 отсто на годишно ниво, се наведува на веб-страницата на Меѓународната агенција за енергија.