Глобалната бројка на починати од короната достигна 800.000


  • Глобалниот број на смртни случаи од корона вирусот достигна 800.000 според податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“. Тоа претставува удвојување на глобалната смртност од вирусот во рок од само 11 недели.
  • Шкотска забележа уште 123 случаи, што е нејзин најголем дневен пораст повеќе од три месеци. Првиот министер Никола Старгеон изрази загриженост, но истакна дека повеќе од половина од новите случаи се поврзани со појава во фабрика за преработка на храна во Тајсајд.
  • Ирак има регистрирано скоро 4.000 нови случаи, со што вкупно евидентирани се над 200.000. Многумина стравуваат дека уште еден бран на случаи е неминовен, бидејќи шиитските муслимани се приближуваат кон светиот град Карбала за да го одбележат почетокот на месецот на оплакување Мухарам.
  • Корона вирусот ќе биде „засекогаш“ околу нас и на луѓето веројатно ќе им треба редовно вакцинирање против него, изјави поранешниот главен научен советник на владата на Велика Британија. Професор Марк Волпорт, член на Научна советодавна група за вонредни состојби, го споредува вирусот со грип.
  • Хрватска ја критикуваше одлуката на владата на Велика Британија да воведе карантин во траење од 14 дена за туристите кои се враќаат од Хрватска. Франо Матушиќ, секретар во хрватското Министерство за туризам, рече дека наметнувањето карантин е неправедно и ја повика Велика Британија повторно да размисли.
  • Бројот на потврдени случаи на корона вирус во Германија се зголеми за 2.034 на 232.082, според податоците на Институтот за заразни болести „Роберт Кох“. Бројот на починати се зголеми за седум, со што достигна 9.267. Десетици училишта во Берлин објавија случаи откако беа повторно отворени.
  • Универзитет во Лајпциг организира серија концерти како експеримент за да се види како можат безбедно да продолжат големите настани. Околу 4.000 млади и здрави волонтери ќе присуствуваат на експериментот и се согласија да бидат следени нивните движења.
  • Јужна Кореја соопшти дека ќе ги искористи построгите упатства за социјално оддалечување, откако објави 315 нови инфекции. Порастот е последен во низата трицифрени зголемувања.
  • Чешката Република и Украина пријавија најголемо зголемување на дневните случаи. Украина пријави 2.328 случаи, додека во Чешката Република има 506 нови случаи.
  • Русија пријави 4.921 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка стигна до 951.897. Властите соопштија дека 121 луѓе починале од Ковид-19 во последните 24 часа.
  • Француското Министерство за здравство во саботата извести за 3.602 нови коронавирусни инфекции во текот на изминатите 24 часа, што претставува помал пораст отколку во петокот. Починале девет лица и сега бројката изнесува 30.512. Вкупно потврдени случаи на инфекција во Франција изнесува 238.002.
  • Бројот на потврдени инфекции со корона вирусот во Полска се зголеми за 900 од петокот и достигна 61.118, соопшти Министерството за здравство во саботата наутро. Уште 13 лица починаа, со што бројот на загинатите достигна 1.951. (Според агенциите)