Глобален аларм за лажен лек за слабеење и дијабетес


Светската здравствена организација (СЗО) издаде глобално предупредување за лажниот Оземпик – лек за дијабетес тип 2 кој стана популарен како метод за слабеење. СЗО соопшти дека лажните лекови може да претставуваат опасност по здравјето.

Организацијата ги советуваше луѓето да го добијат лекот само преку лекари, а не преку сомнителни страници на Интернет или преку социјалните мрежи. Патем, активната состојка на Оземпик, семаглутид, им помага на луѓето со дијабетес тип 2 да го контролираат нивото на шеќер во крвта.

Сепак, инјекцијата сигнализира и ситост на мозокот. Така, лекот им помага на луѓето да изгубат тежина со намалување на желбата за јадење. Фактот дека луѓето без дијабетес користат Оземпик како лек за слабеење доведе до недостиг и отвори пазар за фалсификувани лекови. СЗО соопшти дека фалсификуваниот Оземпик е во пораст, а властите во Велика Британија, САД и Бразил заплениле лажни серии.

„Ги советуваме здравствените работници, регулаторните органи и јавноста да бидат свесни за овие фалсификувани серии на лекови“, рече д-р Јукико Накатани, помошник-генерален директор на СЗО за основни лекови и здравствени производи.

СЗО предупреди дека некои лажни инјекции можеби воопшто не содржат семаглутид или може да содржат други лекови, како што е инсулинот, што доведува до „непредвидливи“ ефекти.

„Овие фалсификувани производи можат да имаат штетни ефекти врз здравјето на луѓето“, соопшти СЗО.