Гледаш во ѕид, газиш по вода: Јован Шумковски восхитува со ретроспективната изложба (галерија)


Фото: Б. Грданоски

„Вода/Ѕид“ е насловена ретроспективната изложба на Јован Шумковски во МСУ, отворена денес, плод на речиси четири децениска уметничка практика кој константно покажува смела инвентивност во формирањето и изразувањето на ликовната мисла и поглед на светот и времето што го живееме.

Фото: Б. Грданоски

Осмислена од самиот Шумковски, концепцијата на поставката, не е претставена како линеарна хронологија на тој развој, туку е повеќе еден вид наративна монтажа на повеќе, привидно хетерогени и комплексни тематски планови, но поврзани истовремено по линија на развој на формите или на содржините.

Фото: Б. Грданоски

Шумковски е редовен професор е на ФЛУ од 2002 година. Зад себе има над дваесет самостојни изложби во земјава и во светот (Белград, Сараево, Софија, Љубљана, Стокхолм, Париз, Њујорк, Александрија и други). Во 1995 година беше претставник на Македонија на познатото биенале во Сао Паоло во Бразил, а во 2001 на Биеналето во Венеција.

Фото: Б: Грданоски

Изложбата може да се погледне секој ден, освен понеделник, од 10 до 20 часот, а во недела до 13 часот. Куратор на поставката е Зоран Петровски, а проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ.

Фото: Борис Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски