Главното перо Валери Триревеилер заминува од „Пари Мач“

Франција – Новинарката Валери Триревеилер му се заблагодари за соработката на Херве Гаттењо, извршниот директор на „Пари мач“.

Поранешната невенчана сопруга на Франсоа Оланд, со која влезе во Елисејската палата не е единствената што ќе го напушти неделникот, јави дописникот на МИА.

Триревеилер е една од главните пера во „Пари Мач“, каде што работеше од 1989 година, прво во политичката редакција, а потоа беше задолжена за литературата. Во исто време, таа имаше и телевизиска кариера на телевизијата Директ 8, каде беше водителка на неделното шоу Гран 8.

На пошироката француска публика таа и стана позната како сопатничка на Оланд во Елисејската палата, се до нејзиното скандалозно заминување, откако беше откриено дека тогашниот претседател на Франција е во врска со глумицата Жули Гаје.