Главните служби во Вухан се враќаат на работа


Главните служби во Вухан, епицентарот на новиот коронавирус, повторно ќе почнат да работат, соопшти денеска Владата на централната кинеска провинција Хубеи.

Ова се однесува на клучните сектори, како што се јавниот превоз, производителите на медицинска опрема и основните продукти за живот.

Производителите кои имаат влијание врз кинеските и глобалните синџири на снабдување, исто така можат да продолжат да работат со одобрение од надлежните органи, се вели во соопштението.