Главниот шведски епидемиолог: Драстично нѝ паѓа бројот на новозаразени


 

Андерс Тегнел, главниот шведски епидемиолог денеска на прес-конференција рече дека бројот на новозарзени во Шведска рапидно опаѓа.

Шведска беше единствена земја во Европа која во март и април не воведе драстични мерки за сузбивање на епидемијата, а затоа беше мета на критики.

„Кривата се свиткува надолу“, рече Тегнел на прес-конференцијата на која беше објавено дека во последните 24 часа во Шведска имало два смртни случаи од Ковид-19, а само 34 новозаразени. Од почетокот на пандемијата починаа 5.702 луѓе, а заразени беа речиси 80.000

„Генерално, ова се многу позитивни вести. Се чини дека наскоро ќе можеме постепено да ги релаксираме мерките како патувањата, па така најпрво ќе се допушти патување во регионот, а потоа во државите со ниска стапнка на заразениот или таму каде има 20 заразени на 100.000 жители во период од од две недели“, рече тој.

Појасни дека тоа значи оти луше од Стокхолм ќе можат да отидат во Норвешка.

Тој се осврна на трендот на пораст на бројот заразени во Европа.

„За жал, гледаме негативен тренд на пораст на бројот на новозаразени во цела Европа, лошо е што се случува во овој момент, но во Шведска го нема тој тренд“, додава Тегнел.

Денеска во Шведска на одделнијата за интензивна нега или на респиратори има само 46 пациенти со Ковид-19, а вкупно во шведските болници од корона вирус се лечат 297 пациенти. На врвот на епидемијата кон крајот на април на интензивна беа близу 600 луѓе, а во болниците 2.300. Тоа е значителен пад.

Во пад е и бројот на новозаразени дневно, во последните три дена имаше помалку од 100 нови случаи, (42, 79, 39). Сепак, се работи за бројки кои неретко се коригираат затоа што пријавите од некои регионални болници доцнат по три дена.

Властите фи повикаа Швеѓаните и понатаму да се држат до основните принципи за сузбивање на ширењето на заразата, да мијат раце и да одржуваат физичка дистанца и да избегнуваат собири.

Во Шведска на сила се само две мерки, забрана за посета на стари лица во старечките домови и забрана за јавно собирање на повеќе од 50 лица.

Во цела Скандинавија не постои мерка за задолжително носење маски.