Гласањето по пошта на дијаспората е вмровска манипулација, вели СДСМ


Во американскиот град Детроит има бројна македонска популација

 

Позициите на СДСМ за Изборниот законик не се радикалистички како што сака да ги прикаже премиерот Христијан Мицкоски да ги прикаже. Туку, радикалистички е начинот на кој тој сака да го спроведе изборениот грабеж, изјави денеска на прес-конференција портапролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Откако сфати дека не може да го протне шверцерскиот начин за електронско гласање на дијаспората без никака контрола, сега се обидува со некакво гласање по пошта. 

И повторно без никаква контрола и гаранција за почитување на слободната волја на граѓаните –  нов модел и можност за изборни манипулации и нерегуларности.

Не му е важна на Мицкоски реформската агенда – тоа му е само изговор. Важен му е само изборниот грабеж. 

СДСМ не е против дијаспората да гласа, дијаспората гласа и сега. Тоа е лага на ВМРО. Но, сме против начин на гласање кој не обезбедува сигурност, транспарентност и заштита на изборната волја.

Предлогот електронското гласање да се замени со гласање по пошта, без Државната изборна комисија да има можност со консензус да ги утврдува правилата и механизмите на контрола, не ја подобрува демократијата во изборниот процес.

Тоа создава нови ризици за нерегуларности, злоупотреби и изборни манипулации.

Опасно и загрижувачки е тоа што ВМРО категорично одбива ДИК, со консензус, да ги регулира процедурите за гласањето на дијаспората“, рече Кузеска. И порача власта да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората.