Гласање во гостиварско: Најмногу во Маврово-Ростуше, најмалку во Врапчиште


Во трите гостиварски општини до 15 часот, на гласање излегле 16.832 од запишаните избирачи. Најголем одѕив има во мавровско-реканскиот крај, а најнизок е во полошко.

Излезноста за вториот круг во Општина Гостивар, до 15 часот била е 15,04 проценти, односно гласале 11.942 граѓани.

Во Маврово Ростуше на гласање излегле 18,17 отсто односно 1.796 граѓани. Во Општина Врапчиште излезноста до 15 часот е 12,4 проценти, односно 3.094 гласачи.

Изборниот процес досега, се одвива без инциденти и нарушувања.