Глас за Македонија обвинува за изборна кражба


Партијата Глас за македонија денеска обвини дека на изборите се случила изборна кражба во која била тие оштетени. Тие го оценија изборниот процес како „најскандалозен од постењето на нашата држава“ затоа што немало доволно набљудувачи од мисијата ОБСЕ/ОДИХР, затоа што веб-страницата на ДИК била цел на хакерски напад. Дека била крајно сомнителна набавката на новиот софтвер од компанијата „Дуна“ и дека имало фалсификат оти „во чисти македонски средини, поддршката отиде кај албанските партии“.

Од партијата се жалат дека според анкетите објавувани пред изборите „до последен момент беше рамо до рамо или веднаш зад Левица, а заврши со поддршка од само 0,3 отсто во друштво на маргинални и речиси непознати партии“. Според Глас за Македонија „СДС  и ДПМНЕ  повторно се јавија во улога на режисери на целиот процес, бидејќи имаше само нивни набљудувачи“.

Партијата вели дека „има голем број на неважечки ливчиња, каде е заокружена нашата партија, а потоа ливчето е направено неважечко“, па тие бараат отворање на сите кутии и повторно пребројување на гласовите.