Ѓуретановиќ го исплива своето најдобро време на 200 метри слободно на ЕП во Париз
Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ го имаше својот настап во квалификациите на 200 метри слободен стил на ЕП во пливачки спортови што се одржува во Париз.
Ѓуретановиќ заврши на 6 место во својата група во квалификациите со време 1.52,59 со што го подобри своето најдобро време во кариерата на оваа дистанца (1.52,86).
Сега следен предизвик на Никола Ѓуретановиќ ќе биде втората дисциплина во која е пријавен за настап на ова ЕП, а тоа е на 400 метри слободен стил која своите квалификациски трки ќе ги има во недела на 16 август во 9.30 часот.
Никола Ѓуретановиќ е единствениот пливач од Македонија на ова ЕП кое се одржува во Париз.