Ѓукановиќ ќе биде почесен претседател на Црна Гора: Ќе добие 70 отсто од платата, канцеларија и обезбедување


 

Поранешниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, од следниот месец како почесен шеф на државата ќе добива плата од околу 1.680 евра, откако тоа сам го побарал, што му следува според Законот за претседател.

Како што потврдија од „Вијести“, одлуката за обештетувањето ја потпишал претседателот на собраниската управна комисија Драган Краповиќ, а одлуката Комисијата треба да ја соопшти на наредна седница.

Ѓукановиќ, како што пропишува законот, имал право на 70 отсто од платата од последниот месец пред престанокот на функцијата, со соодветно усогласување. Надоместокот ќе го користи како почесен претседател на државата до неговото пензионирање.

Почесната титула на поранешниот претседател на Црна Гора, која досега ја имаше само Филип Вујановиќ, актуелниот шеф на државата би можел да ја користи во следните пет години, што за малку ќе се поклопи со неговото пензионирање, бидејќи во февруари 2028 година ќе наполни 66 години.

Ѓукановиќ ќе ги искористи можностите што му припаѓаат по завршувањето на мандатот, од почесна титула до плата, специјална функција, административна поддршка, но и официјална полициска придружба.

Тие права ги имаат претседателите на Црна Гора кои ја извршуваат таа функција од обновувањето на независноста на Црна Гора (3 јуни 2006 година).

Мандатот на Ѓукановиќ за претседател на Црна Гора истече на 20 мај.