Ѓорѓиев бил „последна надеж на Бугарите“ во Македонија, тврди Колев


Претседателот на ГДУ, Петар Колев, на Фејсбук иронично ја искоментира оставката на професорот Ванчо Ѓорѓиев од мешовитата Историската комисија со Бугарија.

„Професорот Ванчо Ѓоргиев ми беше „последната“ надеж, дека ќе застане како научник и професор во одбрана на вистината и ќе даде се од себе, за да го зачува идентитетот.После неговата оставка, сите надежи паѓаат во вода.Професоре се сеќавате ли на оваа ваша книга или ќе ја гориме и нејзе?“, пишува Колев.

Колев потсети дека Ѓорѓиев е автор на книгата „ВМОРО 1893-1903 – документи“. Во неа, според Колев, тој детално ја опишува „борбата за правата на Бугарите во Македонија“, вклучувајќи го и фактот дека „секој Бугарин може да биде член на организацијата, а целта на организацијата е политичка автономија на Македонија и Одринскиот регион.

Ѓорѓиев ја напушти заедничката бугарско-македонска историска комисија, тврдејќи дека „имало политички притисок врз членовите на комисијата и обиди за промена на учебниците без негова согласност“.