Ѓорче без кал е целта на градоначалникот,па асфалтира улици
По неколку децении се решава еден од најгорливите проблеми за жителите во Ново Село, конечно краците на улица „1“ се асфалтираат, информираат од локалната самоуправа.
– Се асфалтираат четири краци на улица „1“ со вкупна должина од 200 метри и вкупна површина од 600 м². На три краци се поставени бекатон плочки, а на еден крак е поставен асфалт. Со ова се решава децениски проблем на жителите од Ново Село и се овозможува достоинствени услови за пристап до нивните домови, сподели градоначалникот Стојковски.