Ѓоковиќ загуби од Руд во полуфиналето на Мастерсот во Монте Карло


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ денес загуби од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Монте Карло – 4:6, 6:1 и 4:6.

Мечот траеше 2 часа и 18 минути.

Руд сервира четири аса, направи четири двојни грешки и реализираше 4 од 7 брејк топки.

Ѓоковиќ три пати сервираше ас, направи две двојни грешки и имаше 4 од 5 конвертирани брејк топки.

Руд во финалето на Мастерсот ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас.

Награден фонд на турнирот изнесува 5,95 милиони евра.