Ѓоковиќ за момчето на кое му го подари рекетот со кој победи на Ролан Гарос: Ми даваше добри совети


По завршувањето на финалето на Ролан Гарос во кој Новаќ Ѓоковиќ триумфираше над Стефанос Циципас се случи една од најубавите приказни во историјата на овој турнир.

Српскиот ас, ректот со кој ја освои 19. грен слем титула му го подари на едно момче, а тој беше толку одушевен, што сцената го обиколи светот.

На прес-конференција, Ѓоковиќ го прашаа кое е тоа момче.

„Не знам кое е момчето, но го слушав цело време. Ме бодреше кога губев 2:0. Дури и ми даваше совети во текот на мечот, како тренер „ха-ха“. Тој беше најдобриот избор, сакав нему да му го дадам рекетот затоа што ме поддржуваше во текот на целиот меч“, рече Новак.