Ѓоковиќ убедливо до третото коло на Ролан Гарос


Франција – Новак Ѓоковиќ без проблеми, во меч кој траеше час и половина, се пласираше на третото коло од тенискиот турнир Ролан Гарос.

Ѓоковиќ убедливо го победи швајцарскиот тенисер Анри Лаксонен со 3-0 во сетови и тоа 6:1, 6:4 и 6:3 во гемови.

Најдобриот тенисер во светот во следното коло за противник ќе го има Италијанецот Салваторе Карузо, кој во второто коло изненади откако го елиминираше Французинот Жил Симон.