Ѓоковиќ тестиран за корона вирус


Вчера во попладневните часови тенисерот број еден Новак Ѓоковиќ допатува во Белград, каде заедно со семејството и со својата екипа бил тестиран за корона вирус.

Ѓоковиќ замина од Задар, каде се одржуваше „Адриа тур“, без да се тестира, откако бугарскиот тенисер Григор Димиторв се покажа дека е позитивен на вирусот.

Од другите што се тестираа, тројца беа позитивни, меѓу кои и кондицискиот тренер на Ѓоковиќ, Марио Паники, но е без симптоми.

За сега познато е дека покрај Димиторв и Паники, позитивни на Ковид биле и Борна Ќориќ и Кристијан Грох, тренерот на Бугаринот.

Горан Иванишевиќ, еден од организаторите на Адрија тур и тренер на Ѓоковиќ, пред четири дена беше тестиран затоа што му се слошило, но резултатите беа негативни.

Резултатите од Ѓоковиќ и неговиот тим се очекуваат попладнево.