Ѓоковиќ со петта титула во Париз


Франција- Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата го освои Мастерсот во Париз по вчерашниот триумф во финалето над Денис Шаповалов со 6:3, 6:4. До четвртата победа над Канаѓанецот, во исто толку одиграни мечеви во 2019 година по Мелбурн, Рим и Шангај, на српскиот тенисер му требаа само 65 минути.

Ѓоковиќ во француската престолнина го одигра 111 АТП финале и заслужено ја подигна 77 АТП титула, 34. на Мастерс турнирите. Но, и покрај триумфот, тој на денешната ранг листа ќе падне од првото место бидејќи ќе му бидат одземени 1.000 бода колку што освои на завршниот Мастерс во Лондон и ќе има 640 бода помалку од Рафаел Надал.