Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен


Мелбурн – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Португалецот Жаиме Фарија во второто коло на Австралија Опен 2025 година.

Мечот одигран рано утрово траеше три часа и заврши со резултат 3:1, по сетови 6:1, 6:7 (4:7), 6:3 и 6:2.

На турнирот што го освои 10 пати, Ѓоковиќ годинава е седми носител. Во третото коло, поранешниот светски рекет број 1 ќе се соочи со Чехот Томаш Мачац.

Грен слемот во Мелбурн, се игра за награден фонд од 59,9 милиони долари. 

Со оваа победа, тој стана првиот тенисер во историјата кој постигнал 150 победи во сингл на Грен слем турнирите по неговиот 30-ти роденден. Пред него тоа го имаше направено само Серена Вилијамс.

Мечот против Жаиме Фарија беше 430. за него на најважните турнири на АТП турот со што го остави зад себе Роџер Федерер, досегашниот рекордер во овој параметар. На овие 430 натпревари, Ѓоковиќ има 379 победи и 51 пораз.