Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Рим


 Со победата над Швајцарецот Стин Вавринка со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим.

Ова претставува 89 четвртфинале на Мастер турнири во кариерата за најдобриот тенисер на светот.

Противник во петок ќе му биде Феликс Огер-Алиасим, деветтиот тенисер во светот, кој во осминафиналето беше подобар од Американецот Маркос Жирона со резултат 6:3, 6:2.

Ова е прва средба на Ѓоковиќ и 21-годишниот Ојер-Алијасим.