Ѓоковиќ: Размислувам дали да влезам во политиката


Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ размислува дали да се вклучи во политиката. Тој рече дека секогаш се обидува да ја претстави својата земја во најдобро светло.

Ѓоковиќ истакна дека понекогаш се прашува дали треба да се занимава со политика или со некои прашања поврзани со тенисот, кои не се поврзани само со играта.

„Сѐ што работам, работам совесно и одговорно, не можам да ги правам работите со половина срце“, рече светската тениска легенда и додаде: „Секогаш се трудам да помогнам и да ја претставам мојата земја на најдобар можен начин. Кога се среќавам со луѓето во Србија, зборувам со нив, но не сакам да се ограничувам само на мојата земја, да ја сакам само неа, а да ги мразам другите“.