Ѓоковиќ прв финалист на турнирот во Париз


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, избори финале на турнирот во Париз, откако денес во полуфиналето го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач кој е 10-ти на светската ранг-листа.

Во меч што траеше два часа и 20 минути Србинот победи противникот во три сета – 3:6, 6:0, 7:6.

Во финалето, Ѓоковиќ ќе игра или со Германецот Александар Зверев, или со Русинот Данил Медведев.

Второто полуфинале почнува во 17 часот.