Ѓоковиќ продолжува да испишува тениска историја


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да пишува нови страници во тениската историја. Годините не се пречка за Ѓоковиќ и победите на Грен слем турнирите. 

Тој со 38 години и 94 дена стана највозрасниот тенисер кој успеал да игра во четвртфиналето на сите Грен слем турнири во една сезона. Ѓоковиќ за пласман во четвртфиналето на УС Опен го совлада Јан-Ленард Штрауф. Следен противник на српскиот тенисер вечерва по полноќ во четвртфиналето Американецот Тејлор Фриц, кој лани беше финалист на УС Опен. 

Денеска и утре се играат четвртфиналните мечеви во двете конкуренции на Отвореното првенство на САД.