Ѓоковиќ преку Рубљов обезбеди пласман во полуфиналето на Вимблдон


Лондон- Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ денес славеше во четвртфиналето на Вимблдон против Русинот Рубљов со 3:1 во сетови и успеа да си обезбеди полуфинале на неофицијалното Светско тениско првенство.

На Новак му се отвора патот до нова титула на најславниот тениски гренслем турнир во светот. Ако триумфира во Британија, тоа ќе е осми грен слем за него таму, или 24-ти вкупно во кариерата.

Победата над Рубљов му беше 33-та по ред на Вимблдон.

Првиот сет го доби Русинот со 6:4 во гемови, ама тоа само како да го разлути Србинот. Потоа го започна својот танц и ги доби сите три наредни сета, со 6:1, 6:4 и 6:3.

Во полуфиналето противник ќе му биде Италијанецот Јаник Синер, кој денеска исто така играше четири сета и стигна до своето прво полуфинале на овој грен-слем турнир.

Преостанатите две четвртфинални двојки се Карлос Алкараз – Холгер Руне и Данил Медведев – Кристофер Еубенкс.

Српскиот тенисер во полуфинале го чека 21-годишниот Италијанец од Јужен Тирол, кој првпат во кариерата ќе се појави во полуфинале на Грен слем турнир. Синер стана и најмладиот полуфиналист од 2007 година.

Ѓоковиќ и Синер досега играле двапати, а Ѓоковиќ победил и двата пати. Последен пат играа минатата година, исто така на Вимблдон, а Ѓоковиќ во четвртфиналето победи со 3-2 во сетови, откако Италијанецот поведе со 2-0.