Ѓоковиќ поразен во Синсинати, имаше здравствени проблеми


Новак Ѓоковиќ го заврши настапот на Мастерс 1000 турнирот во Синсинати откако во второто коло загуби од младиот Аргентинец Тиаго Тиранте со 2-1 во сетови (4:6; 6.4 и 6:4). Тој по мечот, што траеше 2 часа и 45 минути зборуваше за здравствените проблеми со кои се соочува изминативе години.

Не е првпат, а сигурно ниту последен. Едноставно во прашање се здравствените проблеми. Имам проблеми особено кога влажноста е голема и со висока температура. Знаев дека може да се случи, а дополнително и нервозата во мечот, изјави по поразот Ѓоковиќ.

Мечот беше одигран на температура од 28 степени во влажност од 80 отсто. Ова требаше да биде турнир за адаптација во пресрет на УС опен што почнува на 30.август.