Ѓоковиќ обезбеди финале во Рим


 

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на АТП Мастерсот во Рим, со победа над 34. тенисер во светот, Норвежанецот Каспер Руд, со резултат 2:0 во сетови (7:5, 6:3)

Руд подобро ја отвори средбата и во третиот гем направи брејк и стигна до зодство со 3:1, но Ѓоковиќ во финишот на првиот сет и тоа во момент кога неговиот противник имаше две сте топчиња, се врати и изедначи на 5:5:.

Потоа, потешко од очекуваното го освои гемот на свој сервис и стигна до водство од 6:5, за потоа да направи нов брејк и да го освои првиот гем.

Во вториот сет на Ѓоковиќ му одеше полесно, па стигна до пласман во финалето.

Најдобриот тенисер во финалето ќе игра против подобриот од дуелто Шараповалов и Шварцман.