Ѓоковиќ: Надал и Федерер се една од главните причини да продолжам да играм


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по победата на „Вимблдон“ повторно посочи дека конкуренцијата со Рафаел Надал и Роџер Федерер му помага да се развива и да игра најдобар тенис.

Ноле во неделата спаси два меч топки и го победи Федерер во пет сета во историско финале, кое траеше 5 часа.

– Изгледа јас сум се поблиску до Рафа и Роџер, но и тие продолжуваат да освојуваат турнири. Ние се надополнуваме еден со друг, не престануваме да се развиваме и се уште да останеме во оваа игра. Овие две момчиња се една од главните причини и досега да играм на ова ниво. Фактот дека тие напишаа историја во тенисот исто ме мотивира, ме инспирира да се трудам да го повторам она што тие го имаат постигнато и дури и повеќе. Дали ќе го сторам тоа, не знам. И работата не е до возраста. Роџер ме инспирира со неговите достигнувања на 37 години. Се зависи од тоа колку долго ќе играм и дали ќе имам шанси, изјави Ѓоковиќ.