Ѓоковиќ летува на Корчула: Хрватското крајбрежје е најубаво на светот


Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ пристигна на летување во Хрватска. По одличната сезона и неодамна освоениот Вимблдон, Србинот дојде да се одмори на Корчула. Тој е редовен гост на хрватскиот брег.

„Мене, но и на многумина, хрватското крајбрежје брег ми е најубаво на светот. Сум бил во многу земји, но таму некако човек најдобро се чувствува. Ист јазик, иста култура. Тоа е богатство“, смета Ѓоковиќ.