Ѓоковиќ лесно се справи со Гофан за полуфинале на Вимблдон


Српскиот тенисер и светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Вимблдон.

Тој денеска во четвртфиналниот дуел против Белгиецот Давид Гофан без поголеми проблеми го совлада со 3:0 во сетови, иако на почетокот тоа баш и не делуваше дека ќе биде така лесно и едноставно.

Гофан кон средината на првиот сет направи брејк и поведе со 4:3, но сето она што се случуваше на мечот потоа му припадна на Ѓоковиќ. Новак успеа да земе два брејка во низа и славеше со 6:4 во првиот сет.

Набрзо Гофан падна на физички и психолошки план, па првиот светски тенисер без загубен гем го доби вториот сет, а третиот со 6:2 за пласман во полуфиналето од третиот Гренд слем во сезоната.

Тој таму ќе се соочи со Шпанецот Роберто Баутиста Агут кој славеше против Аргентинецот Гвидо Пеја со 3:1 во сетови. До крајот на денот во преостанатите четвртфинални дуели ќе играат Рафаел Надал и Роџер Федерер. Првиот ќе игра против Сен Квери, а вториот против Кеи Нишикори.