Ѓоковиќ лесно го скрши Лехечка, но ги бојкотира интервјуата на теренот поради навреди на новинар
Познат новинар на официјалната телевизија што го пренесува Австралија опен, Канал девет, ги исмејуваше српските навивачи и имаше навредливи коментари кон Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ ќе ги бојкотира интервјуата на теренот на Австралија опен и настапите во медиумите со Канал девет додека не добие извинување од австралиската телевизиска мрежа, откако нејзиниот известувач ги „исмејуваше“ српските навивачи и „даде навредливи и напаѓачки коментари“ кон него.
Ѓоковиќ требаше да разговара со Џим Куриер за интервјуто на теренот откако се пласираше во четвртфиналето, по победата во три сета на Чехот Јиржи Лехечка, но по краткиот разговор надвор од микрофон со Куриер Ѓоковиќ наместо тоа го зеде микрофонот и накратко ѝ се обрати на публиката пред да даде автограми и да го напушти теренот.
„Ви благодарам што бевте тука, ја ценам вашата поддршка. Се гледаме во следната рунда“ – тоа беше се што рече Новак на теренот по победата против Јиржи Лехечка 6:3, 6:4 и 7:6 (7-4).
Ѓоковиќ потоа се осврна на ова прашање со изјава на почетокот на неговата прес-конференција по натпреварот: „Пред неколку дена познатиот спортски новинар кој работи за официјалната телевизија Канал девет овде во Австралија ги исмејуваше српските навивачи и исто така направи навредувачки и напаѓачки кон мене“, рече тој. „И оттогаш, тој избра да не се извини јавно. Ниту Канал Девет. Затоа, бидејќи тие се официјални радиодифузери, избрав да не давам интервјуа за Канал девет“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Немам ништо против Џим Куриер или австралиската јавност. Беше многу непријатна ситуација за мене да се соочам на теренот денеска. Жално е што избрав да кажам нешто на публиката, но очигледно не беше време и простор или ситуација да објаснам што правам во моментов. Му оставам на Канал девет да се справи со ова онака како што тие мислат дека им одговара. Тоа е сè.” Подоцна објави видео на својот Икс профил обраќајќи им се на обожавателите во кое дополнително ја објаснува ситуацијата.
Тони Џонс, репортер ветеран на Канал девет, минатата недела беше критикуван за телевизиски сегмент спроведен пред српските навивачи. Видеото оттогаш се рашири вирално на социјалните мрежи: „Добре дојдовте назад во Мелбурн Парк, каде што можете да ги видите фановите на Новак Ѓоковиќ, тие се во полн глас. Скандирањата се прилично извонредни“, рече Џонс.
Откако се сврте за да се соочи со навивачите, Џонс почна да пее кон нив: „Новак, тој е преценет. Новак е поранешен. Новак, исфрелете го. Момче, мило ми е што не можат да ме слушнат“, пееше тој.
Ѓоковиќ беше снимен како зборува со Крег Тајли, директорот на турнирот на Австралија опен, по напуштањето на теренот: „Му реков: ‘Ако сакате да ме казнете што не дадов интервју на теренот, тоа е во ред, ќе го прифатам тоа, затоа што чувствувам дека ова е нешто што треба да се направи’“.
Инаку Ѓоковиќ ралативно лесно го победи Лехечка, кој не можеше да им парира на прецизните удари на српскиот тенисер. Ова беше втор нивен дуел, првиот исто така го доби Ѓоковиќ. Чехот, 15 години помлад од Ѓоковиќ, одвреме-навреме имаше силни сервиси, но тоа беше недоволно затоа што направи многу неприсилени грешки, главно предизвикани од прецизните удари на Ѓоковиќ.
Српскиот тенисер покажува дека е во добра победничка форма. Следниот негов меч ќе биде еден од најскептакуларните на Австралија опен – во четвртфиналето ќе се сретне со Шпанецоt Карлос Алкараз. Нивните дуели секогаш се извонредно возбудливи.