Ѓоковиќ лесно до третото коло, за Вавринка заврши Вимблдон


Англија- Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно и убедливо го совлада Американецот Денис Кудла со 3-0 во сетови за пласман во третата рунда на грен-слем турнирот Вимблдон. Тој првиот сет го доби за само 27 минути и иако загуби еден брејк, сепак, го доби со 6-3. Во вториот и во третиот беше уште поубедлив и ги доби со 6-2 во гемови.

Во следното коло се пласира и Карен Качанов кој со 3-1 во сетови го совлада Фелицијано Лопез. Вимблдон заврши за Станислас Вавринка, кој во маратонски меч во пет сета загуби од Рели Опелка (5-7, 6-3, 6-4, 4-6, 6-8).

Во женска конкуренција, успешни беа Каролине Возњаки и Симона Халеп. Данката не препушти ниту еден сет во дуелот со Вероника Кудерметова, додека Халеп со 2-1 во сетови славеше над сонародничката Михаела Бурназеску.