Ѓоковиќ ќе мора да паузира најмалку шест недели


Питер Ларкинс, познат доктор од Австралија, се изненадил кога видел со каква повреда Новак Ѓоковиќ успеал да го заврши мечот против Карлос Алкараз и да излезе на терен во полуфиналето против Александар Зверев.

„Тоа е сериозна повреда. Не е крај на кариерата, но мислам дека е прилично неверојатно што тој дури успеа да одигра неколку натпревари“, изјавил Ларкинс.

Според лекарот ваков тип на повреда бара мирување во период и до 6 недели.

„Тој нема да биде надвор од форма бидејќи ќе биде во теретана, во базен, но би бил изненаден ако игра на некој турнир во следните шест недели“, додал Ларкинс.

Тоа практично би значело дека Ѓоковиќ сигурно ќе ја пропушти Доха и би можел да се врати на некој од турнирите на земјена подлога.

Јаник Синер е старо-нов шампион во Мелбурн и тоа значи дека уште повеќе го зацврсти својот статус како лидер на АТП листата, каде ќе има одредени промени кои официјално ќе бидат објавени следната недела. 

Промените се веќе познати, па така првиот светски рекет сега има 11,830 поени, дури 3,695 повеќе од Александар Зверев, ко убедливо загуби од Синер во финалето во Мелбурн. Карлос Алкараз испадна во четвртфиналето, но ќе остане трет со вкупно 7,010 поени. 

Дури 300 поени загуби Американецот Тејлор Фриц, но ќе остане на четвртата позиција со 5,050 бодови, а напредок забележа Каспер Руд, кој стигна до 4,160 бодови и покрај раната елиминација во второто коло. 

Новак Ѓоковиќ „скокна“ за една позиција и сега е шести во светот со 3,900 бодови, а две места надолу падна Русинот Данил Медведев (3,780 поени). Осмото место е резервирано за Алекс Де Минер од Австралија (3,495), а деветти е Томи Пол со 3495 поени (најдобар пласман во кариерата). Листата на десет најдобри светски тенисери ја комплетира Андреј Рубљев со вкупно 3,130 поени.