Ѓоковиќ ќе го обезбеди првото место ако победи на два меча во Виена

Лидерот во светскиот тенис, Новак Ѓоковиќ ќе го обезбеди првото место на крајот на годината доколку победи на два меча на турнирот во Виена следната недела.

Доколку Ноле успее да го стори тоа, тој ќе ја заврши сезоната како прв рекет во светот по шести пат во кариерата. Според овој индикатор, Србинот може да го стигне Американецот Пит Сампрас.

На почетокот на натпреварувањето, Ѓоковиќ ќе се соочи со својот сонародник Филип Краиновиќ, а во второто коло ќе игра со победникот од мечот Борна Чориќ (Хрватска) – Тејлор Фриц (САД).

Главната шема на турнирот започнува во понеделник и завршува на 1 ноември. Актуелен шампион е Доминик Тим, кој сега е сместен под бр.2 и во првото коло ќе ги одмери силите со Кеј Нишикори.