(Видео) Ѓоковиќ избори полуфинале на Мастерсот во Рим, но го скрши рекетот


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на турнирот во италијанската престолнина.

Во четвртфиналето, попладнево Србинот го надигра Германецот Доминик Кепфер со 2-1, по сетови 6:3, 4:6 и 6:3.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде Каспер Руд од Норвешка.

Наградниот фонд на Мастерсот во Рим изнесува 3,4 милиони евра.

Но дека на Ѓоковиќ не му беше лесно против 97-от тенисер на светот, покажува тоа што нервозен од вториот сет, тој го скрши рекетот.

Погледнете: