Ѓоковиќ го совлада Циципас за финале на Мастерсот во Париз против Руне


 

Новак Ѓоковиќ го совлада Циципас со 2:1 во сетови во исцрпувачкото полуфинале на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ го доби првиот сет прилично лесно (6:2), но во вториот не беше на препознатливо ниво, па Циципас дојде од рутински 6:3 до 1:1 во сетови.

Во последниот сет беше многу тензично до самиот крај. Ниту Новак ниту Циципас не успеаја да направат брејк, па се отиде на тај-брејк во кој српскиот тенисер беше подобар со 7:4.

Холгер Руне во финалето го чека Ѓоковиќ кој со 2:0 беше подобар од Ожије.