Ѓоковиќ го победи Томпсон во три сета (6:3, 7:6, 7:5)
Лондон- Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ од 18 часот одигра меч од второто коло на Вимблдон против Џордан Томпсон од Австралија. Сите добиваа гемови на свој сервис до петтиот гем кога Новак доби брејк, а потоа силно стигна до крајот на сетот 6:3. Тенисерите беа одлично подготвени и расположени за игра. За разлика од Томпсон кој има пет асови, Новак се уште нема ас поен.
Вториот сет се играше изедначено, па решавачки беше тај-брејкот. Новак беше подобар и победи со 7:4.
Третиот сет беше изедначен, без брејк, но во 12. гем Новак искористи брејк и по два и пол часа игра се пласираше во следната рунда.
Следен ривал ќе му биде подобриот од мечот меѓу Томаш Ечевери и Стен Вавринка.