Ѓоковиќ го победи Монфис за 1/4 финале во Бризбејн
Бризбејн – 20 од 20. Ова е билансот на Новак Ѓоковиќ против Гаел Монфис. Едноставно непобедлив е најдобриот тенисер во историјата кога игра против Французинот, така беше и утринава во рамките на 1/8 финалето на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија, турнир кој е генерална проба пред АО.
Новак и речиси да немаше проблеми со Монфис, триумф од 2:0 (6:3 и 6:3) во гемови.
Кога требаше знаеше да притисне, но не се замори премногу ако се знае дека овој меч траеше само 73 минути.
Во 1/4 финалето Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Рајли Опелка од САД и тоа утре некаде после 11 часот.