Ѓоковиќ го израмни рекордот на Штефи Граф
Новак Ѓоковиќ е на врвот на АТП листата оваа недела, направи вкупно 377 недели, со што го израмни рекордот на поранешната германска тенисерка, Штефи Граф.
Во машка конкуренција, Новак Ѓоковиќ е тенисерот со најмногу недели на првото место на АТП листата, но ако се земе и женската конкуренција, досега прва беше Штефи Граф. Србинот сега го израмни рекордот на Германката, а следната недела веќе може да испише историја.
Покрај Ѓоковиќ кој е прв, во топ 10 оваа недела се уште и Алкараз, Циципас, Руд, Рубљов, Надал, Фриц, Оже-Алиасим, Руне и Хуркач.