Ѓоковиќ донира пет милиони динари на болницата во Нови Пазар


Тенискиот ас Новак Ѓоковиќ одлучи да донира пет милиони динари (речиси 50.000 евра) за општата болница во Нови Пазар.

Неговиот тим за односи со јавност потврди дека Новак се одлучил на таков чекор откако се влоши состојбата со корона вирусот во Нови Пазар.

Така, тој ги продолжи хуманитарните акции за време на пандемијата.

Претходно помогна на болницата во Крушевац, во италијанско Бергамо и околината и други места.

Ѓоковиќ беше на удар на јавноста по организирањето на Адрија тур во сред пандемија во Задар Хрватска, каде од тенисерот Григор Димитров, повеќемина се заразија од корона вирус, меѓу кои и тој и неговата сопруга.

Дел од неговите тениски колеги го осудија, а дел го бранеа токму заради неговите високи донации за време на пандемијата.