Ѓоковиќ денеска против Алекс де Минор во четвртфиналето на Вимблдон


Лондон – Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска околу 16:30 часот ќе игра против Австралиецот Алекс де Минор во четвртфиналето на Вимблдон.

Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Де Миноро е планиран како втор дуел во денот на Централниот терен.

Организаторите најавија дека програмата на Централниот терен ќе биде отворена со четвртфиналниот натпревар во женска конкуренција меѓу Казахстанката Елена Рибакина и Украинката Елина Свитолина. Овој дуел ќе започне во 14:30 часот.

Ѓоковиќ и Де Минор во кариерата одиграа три меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер води со 2:1 во победи. Ѓоковиќ е втор на АТП листата, додека Де Минор е деветти тенисер во светот.