Ѓоковиќ без финале на Австралија Опен – го изгуби првиот сет и го предаде мечот поради повреда


Мелбурн- Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ поради повреда го загуби полуфиналето од германскиот тенисер Александар Зверев. Тој изгледаше добро на теренот Род Лејвер Арена, но завојот околу десната бутина предизвикуваше загриженост.

Се соочи со четири брејк топки во раната фаза од мечот, но сепак успеа некако да „преживее“. Зверев се закани во третиот гем, но Србинот не се предаде. Ѓоковиќ одговори со три последователни брејк шанси во следниот сет, а на тоа се извлече Германецот со руско потекло.

Мечот продолжи без прекин, гејм по гем, до тајбрејкот во кој немаше мини-брејк, се до 12-от поен кој му припадна на Зверев.

Набрзо следеше вистински шок, бидејќи Ѓоковиќ соопшти дека повеќе не може да игра поради повреда и беше принуден да се повлече од полуфиналето на Австралија Опен. Колку добар тенис играа Србинот и Германецот, потврдува и фактот што воведниот и единствен, сет траеше неверојатни 82 минути.

Со пласманот во третото коло на Австралија Опен, Ѓоковиќ го надмина рекордот на Роџер Федерер за најмногу сингл натпревари на Грен слем турнирите. Ноле се бореше за 11. трофеј во Мелбурн и за рекордната 25. гренд слем титула.

Зверев сега во финалето го чека победникот од мечот меѓу Јаник Синер и Бен Шелтон . Натпреварот за трофејот е закажан за в недела наутро во 9:30 часот.