Ѓоковиќ без борба во четвртфиналето во Париз


TENNIS - THE US OPEN 2021 - USTA BILLIE JEAN KING TENNIS CENTRE - FLUSHING MEADOWS - NEW YORK CITY - NEW YORK - USA - ATP - WTA - ITF - GRAND SLAM - OPEN - 2021 © TENNIS PHOTO NETWORK

Франција – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше денеска во четвртфиналето на АТП турнирот во Париз, откако неговиот противник Французинот Гаел Момфис се повлече од натпреварувањето поради повреда.

Противник на српскиот тенисер во четвртфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Британецот Камерон Нори и Американецот Тејлор Фриц.

Ѓоковиќ беше поуспешен во сите досегашни 17 дуели против Момфис.