Ѓоковиќ беше обвинет дека лажирал повреда. Првиот човек на Австралија опен ги откри медицинските наоди


Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен. Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП-листата.

Пред турнирот во Мелбурн, Ѓоковиќ имаше проблеми со повреда, која му пречеше во првите три кола. Потоа на гости кај него дошла докторката Маријана Ковачевиќ и потоа му исчезнала повредата во следните натпревари. После тоа се појавија сомнежи дека ја лажирал повредата, па Ѓоковиќ изјавил дека е особено навреден поради тоа и дека ќе ја покаже снимката која ја потврдува неговата приказна.

Сепак, пред Ѓоковиќ  се огласи првиот човек на Австралија опен, Крег Тили, кој за медиумите објасни дека Ѓоковиќ има пукнатина од три сантиметри во задната ложа: „Многу предизвици се околу Новак бидејќи добива лоша репутација. Но, на крајот, мислам дека никој не може да го доведе во прашање неговиот атлетизам“, рече Тајли.

“Имаше пукнатина од три сантиметри во задната ложа. Апсолутно, ја видов снимката, лекарите ќе ја кажат вистината. Имаше многу шпекулации за тоа дали е вистина или не. Тешко е да се поверува дека некој може да направи се ова со таква повреда Тој е неверојатен, се справи со тоа исклучително професионално.

Тој е толку фокусиран на она што го прави. Секоја минута од секој ден. Што јаде, пие, што прави и како го прави тоа. Без дефекти, ниту ментално, ниту во било што што прави. Помина низ многу за да освои 10 Австралија Опен и мислам дека тоа никогаш нема да се повтори“, заклучи тој.