Гитарата на Курт Кобејн од „Ем-Ти-Ви“ анплагд“ се продаде за рекордни 6 милиони долари 


САД- Гитарата на која Курт Кобејн свиреше на легендарниот акустичен концерт на „Нирвана“ во Њујорк се продаде за рекордни 6 милиони долари. Концертот од серијата „Ем-Ти-Ви анплагд“ се одржа во ноември 1993 година, само пет месеци пред Кобејн да изврши самоубиство.

Гитарата „мартин Д-18Е“ од 1959 година беше меѓу највредните експонати што беа  понудени на аукцијата во Беверли Хилс .

„Горди сме што можеме да ја понудиме оваа историска гитара на Курт Кобејн од неговиот митски настап со ‘Нирвана‘ на ‘Ем-Ти-Ви анплагд‘. Како дел од една од најнезаборавните свирки во историјата, оваа гитара има важно место во историјата на рокенролот“, изјави Дарен Џулиен, претседателот на аукциската куќа „Џулиен“.

Гитарата се продаде заедно со оригиналниот куфер.