Гимназијалци го исчистија муралот со Новак Ѓоковиќ на Косово, тој повторно блеска


Косово- Муралот со Новак Ѓоковиќ во селото Ораховац на Косово, повторно блесна. Благодарение на гимназијалци од местото кои заедно со професорите, директорот на гимназијата и неколку професори го измиле белиот поликолор кој некој претходно го истурил врз сликата, пишува српски Телеграф.

Цртежот на Ѓоковиќ под кој на српски и италијански е напишано „Нема враќање назад, дури ни да се земе залет“ е дело на уметникот Милан Милосављевиќ од проектот „Боја во воздухот“. Милосавлевиќ дипломирал сликање на ѕидни мурали во Белград.