Ги забетонираа, па ги ослободија дрвјата на Кеј


Попладнево, граѓани и групи за заштита на зеленилото на социјалните мрежи споделуваа фотографии од забетонирани дрва на кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје, чија реконструкцијатапочна пред четири месеци со проект вреден 88,6 милиони денари.

Активистите го повикаа градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот на дрвата.

По повикот, градоначалникот Шилегов вечерва се појави на кејот да провери што се случува, а градските служби почнаа со ослободување на дрвјата.

Со хилти го раскопаа бетонот поставен околу нив и ги ослободија дрвјата.

Инаку, кејот се реконструира на потегот од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост, а уредувањето е на површината од околу 12.500 квадратни метри.