Ги нема богатите Руси и пазарот на суперјахти падна за 40 отсто


„Еклипс“ - 162-метарската јахта на Роман Абрамович е трета по големина во светот

 

Војната во Украина значително ја намали продажбата на суперјахти ширум светот. Во извештајот за состојбата на пазарот на јахти се наведува дека бројот на продадени јахти паднал од 313 во 2021 година на 245 во 2022 година, а потоа на само 203 во 2023 година.

Горенаведените податоци се однесуваат на бродови подолги од 30 метри. Според Си-Ен-Би-Си, за јахти со должина помеѓу 60 и 200 метри, падот е уште поголем – дури 40 проценти. Клучната причина е отстранувањето на богатите Руси од пазарот поради војната во Украина. Тие ги купуваа најекстравагантните и најголемите јахти.

Ова им олесни на некои западни богаташи да купат јахта. Во март основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, купил јахта првично наменета за руски олигарх.

Запленети се голем број постоечки јахти кои припаѓале на санкционирани руски богаташи. Еден од нив во Хрватска. По неколку месеци на усидрена во Трогир, 92-метарската „Кралска романса“ беше предадена на украинските власти. За март беше најавена нејзина аукција, но сѐ чини дека се уште не е организирана.

И покрај падот на продажбата, оние кои се заинтересирани да купат јахти подолги од 60 метри во моментов мора да чекаат меѓу три и четири години за нивниот брод. Клучната причина за тоа е доцнењето што се случи за време на пандемијата. Зголемувањето на трошоците за труд и материјали влијаеше и на поскапувањето на јахтите. Во извештајот се наведува и дека бројот на суперјахти се очекува да се намали и во 2024 година.