Принуден карантин за манекенката Накова, која место во самоизолација била на базен и во козметички салон


Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев (31)  вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија од МВР во денешниот полициски билтен.

По апсењето, таа е спроведена во државен карантин, а за настанот е известен и Јавен обвинител.

Накова која претходно била во Белград, видена е деновиве во познат козметички салон во Скопје.

По комплетирање на случајот, против поранешната манекенка ќе биде изготвен поднесок за сторено кривично дело казниво по членовите 205 и 206 од Кривичниот законик.