Германските расходи за отплата на каматите ќе бидат повисоки за 10 милијарди евра


 

Исплатата на каматите на долгови ќе ја чини германската федерална влада околу 10 милијарди евра повеќе во 2023 година отколку што се очекуваше претходно, поради зголемените трошоци за задолжување и високата инфлација. Тоа се наведува во документ во кој имале увид западни медиуми.

Каматниот товар ќе се зголеми на околу 40 милијарди евра во однос на 29,6 милијарди предвидени од владата, се вели во резимето од седницата на комисијата за буџет на Бундестагот, Долниот дом на Парламентот.

Тоа би било 10 пати повеќе од износот на расходите за камати во споредба со 3,9 милијарди евра во 2021 година.

Засега ниту Министерството за финансии, ниту буџетските експерти од владејачката коалиција не ги коментираат наодите на Комисијата за буџет.